За Боневи Дент

Секоја насмевка има приказна. Нашата започнува во 1997 година.

Нашата стоматолшка ординација започна со работа на 27.08.1997г. Многу години опстојува и е во тек со сите стоматолошки трендови, постапки,сознанија и иновации кои се јавуваат на пазарот. Денес посебно се обрнува внимание на нови техники, брз пристап, уште побрзи резултати. Нашиот тим, иако во тек со се она што е пласирано на моменталниот стоматолошки пазар, почитувајќи ги корисните новитети, се водиме по основните медицински принципи за зачувување на здравјето на насмевката на пациентот.
Како тим од лекари, сметаме дека комуникцијата со пациентите, меѓусебната доверба и долготрајна соработка се клуч за успешен завршеток на секоја започната терапија.
Устата, забите, односно стоматогнатниот систем како таков е целина и не е ништо поразличен од останатите органи и делови на нашето тело, па затоа заслужува да му ја пружиме најдобрата возможна нега.
Посетете не, заедно да дојдеме до вашата идеална насмевка, здрави заби и добро орално здравје.
Нашиот тим

Запознајте ги нашите професионални стоматолози

Д-р Даниела Бонева

Доктор по општа стоматологија

Д-р Наташа Бонева

Доктор по општа стоматологија

Софија Бонева

Дипломиран стручен забен техничар
Нашите вредности

Зошто пациентите со доверба не избираат нас

Во Боневи Дент веруваме дека одличната стоматолошка грижа започнува со доверба, професионализам и човечки пристап. Нашиот тим работи според јасно дефинирани вредности кои ни овозможуваат да создадеме сигурно, удобно и позитивно искуство за секој пациент.

Долгогодишно искуство и континуиран развој

Повеќе од 25 години успешно работиме и постојано ги следиме најновите стоматолошки практики и иновации.

Современа технологија и прецизна дијагностика

Користиме напредна опрема и дигитални системи за точни резултати и безболни третмани.

Индивидуален пристап кон секој пациент

Секој пациент добива план на третман прилагоден на неговите потреби, здравје и очекувања.

Пријатна атмосфера и професионална грижа

Нашиот тим создава чувство на удобност и сигурност, особено за пациенти со страв или вознемиреност.

Работно време

Нашето работно време

Понеделник – Петок
Сабота
Контакт

Грижата започнува со бесплатен преглед. Закажете сега!

Нашиот тим е тука да ви помогне со професионален совет, брза комуникација и внимателен пристап. Пополнете ја формата или контактирајте нè директно за да го резервирате вашиот термин.